| четврток, 6 декември 2018 |

Британски новинар тврди: Путин шпионира од Света Гора

Новинарот на Спектејтор, Џереми Норман, изнесува неверојатни тврдења дека Владимир Путин ја користи Света Гора како шпионски центар.

Британскиот портал објавил репортажа од грчкиот полуостров, во која новинарот се чуди на тамошните обичаи, но и отвора ново поглавје во теориите на заговор.

„Штотуку се вратив од едно од најтаинствените места на светот. Морав да побарам виза неколку месеци порано и да им испратам фотокопија од пасошот. Нема начин по копно да дојдете до ова место, може само со одредени бродови, на кои полицаец ви ја проверува визата во пасошот. Приватните бродови мора да пловат далеку од брегот и никако не смеат да впловат. Визата е валидна само три ноќи, морате да ја букирате секоја ноќ однапред и не можете да поминете повеќе од една ноќ во едно место. Дневно се издаваат само десет визи“, пишува Норман.

Тој нагласува дека „на жени отсекогаш им бил забранет пристап на ова место итоа правило се уште се почитува“.

„Сите жители на ова место се исти, сите носат идентични црни одори, долги до земјата и не им е дозволемно да се бричат. И погодете што! Оваа држава се наоѓа во западна Европа. Малку луѓе слушнале за Атос, а уште помалку го посетиле. Исклучок е Владимир Путин. Тој бил овде во 2006 година и во мај годинава. Тој ѝ се приклучи на православната црква по години поминати како агент на КГБ и веројатно акко атеист. Тој знае колку се Русите побожни и светата фигура ја користи како пропагандно оружје. Тој го финансира рускиот манастир Пантелејменос, кој има околу 70 монаси и соби за неколку сототини“.

Според неговоте зборови Путин создал „несвета алијанса со православната црква за да си го обезбеди нејзиниот благослов“.

“Тоа му оди во прилог на имиџот на модерниот цар кој ги поврзува црквата и државата. Света Гора е центарот на верата, нивни Рим, место кадешто што се наоѓа вратата на нивната вера кон рајот. Атос е една од ретките теократски држави, покрај Иран и Ватикан. Полесно е да се дојде до Иран и до Северна Кореја. Бидејќи секоја ноќ мора да ја минувате во друг манастир, многу време губите патувајќи. Атос е дел од Грција, значи од ЕУ, но тука нема слобода на движењеи еднаквост на половите. Монасите се многу стари, голем број од нив се Грци, Срби, Руси и Бугари. Ни беше речено дека островот во голема мера се финансира со руски пари. Дали Русите имаат таен план? Зошто е Путин заинтересиран за оваа затворена авторитарна заедница? Многу Руси доаѓаат овде, но дознав дека луѓето избегнуваат да одговараат н апрашањата за улогата на Русите овде. Изгледа се работи за нешто многу подлабоко и потаинствено. Можеби Русите го користат Атос како шпионска база која е лоцирана далеку од првата одбранбена линија на НАТО. Забележавме софистицирани антени и приемни чинии“, ја развива неверојатната приказна Норман, очигледно недоволно запознаен со православието и со животот на овие простори.

Својата теорија на заговор ја образложува на следниов начин:

„Дали еодговорот лежи во стратешката положба на Атос? Блиску е до границата со Турција, мореузот Дарданели и е рај за руските воени бродови кои доаѓаат од базата на анектираниот Крим. Ако Турците одлучат да ги блокираат своите мореузи, ова би можело да стане руски Гибралтар. ЕУ и Грција мораат да одговорат дали биле дел од разговорите на монасите и Путин. Дали ЕУ знае и ја дозволува цената што ја плаќа Атос за возврат на руските пари?“, зачуден е новинарот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top