| четврток, 6 декември 2018 |

Немаме време, скокајте низ прозорец: Милица се породи пред болница на -6 степени

Милена Т (31) од Ниш во вторникот родила здраво бебе во автомобил пред родилиштето, на минус шест степени. На Милена ова ѝ е второ дете, а породувањето таа и нејзиниот сопруг долго ќе го паметат.

Милица почнала да се пораѓа на патот до болницата, а не издржала и се породила пред самиот влез. Породувањето го видела сестра, која почнала да вика: „Брзо, подгответе носилка и опрема за породување, земете ќебе, жена се пораѓа во автомобил. Наскоро доаѓа“. По повикот лекарите и медицинските сестри излетале околу 7.45 од своите канцеларии и ординации. Сите трчале, а главната врата на породилиштето веќе 20 дена не работела, а автомобилот бил пред таа врата. Некои почнале да одат од околу, по подолгиот пат, но повторно се огласила искусната сестра: „Немаме време да трчаме одоколу, скокајте низ прозорец!“

И така направиле, болничарите излетале од прозорецот да укажат прва помош, да однесат ќебе, бидејќи бебето го извадиле на минус шест степени. Бебето и мајката веднаш биле префлени низ службениот влез и згрижени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top