| четврток, 6 декември 2018 |

Што треба да прави Македонија според германските искуства и зошто Германија не ги спроведува препораките на „Конрад Аденауер“?

Што би се случило ако Македонија ги следи германските искуства при формирањето на новата влада, и како би изгледала Германија доколку ги следи сугестиите што ги даде „Конрад Аденауер“ во последната анализа за Македонија.
На последните парламентарни избори во 2013 година најголемата германска политичка партија Христијанско-демократската унија скратено ЦДУ заедно со своите баварски партнери од Христијанско-социјалната унија (ЦСУ) како централнодесничарска политичка опција добија 310 пратнички места во Бундестагот или 41 % од гласовите на гласачите.

Пратеничката група ЦДУ/ЦСУ беше победник на изборите, но не успеа да формира влада сама или со своите традиционални коалициони партнери Слободните демократи (ФДП), поради што старата канцеларка Ангела Меркел мораше по долги и тешки преговори кои траеја 2 месеци да формира таканаречена „голема коалиција“ заедно со своите најголеми политички ривали, социјалдемократите, со кои водеше тешка битка во предходните 4 години.

konrad-adenauer

Постои разлика помеѓу Германија и Македонија во поглед на заедниците кои не се мнозинство. Во Македонија позицијата на албанските партии во новата влада не може да се преслика од германските искуства затоа што таму, во Германија, воопшто не функционираат партии на национална основа иако во земјата има огромно турско малцинство (околу 3 милиони луѓе) кое нема свој политички субјект.
При формирањето на германската голема коалиција во 2013 година претставниците на ЦДУ/ЦСУ и СПД изјавија дека се договориле за три главни точки на новата коалиција: стабилно финансирање, обезбедување на економскиот раст преку неменување на даноците и социјална сигурност.

„Влеговме во разговори за нова влада со различни идеи и затоа толку долго траеа преговорите. Имаме добра шанса во 2017 година да кажеме дека на граѓаните им е подобро од денес“, изјави Меркел по потпишувањето на големата коалиција.

Во врска со персоналните решенија ако се суди според политичката пракса во Германија каде што Меркел и по изборите во 2013 кога не собра доволно пратеници за да формира влада во рамки на централно десничарскиот и центристичкиот блок остана на чело на партијата и во најголемите партии во Македонија би требало да останат актуелните лидери на чело и да продолжат со политичката битка.

Праксата од Германија сугерира дека Груевски во идниот кабинет треба да ги задржи своите најблиски соработници. По изборите во 2013 година Меркел во владата повторно ги именува министрите Волфганг Шојбле, кој сега (и предходно) го води Министерството за финансии, Томас де Мазие, кој и предходно беше министер за внатрешни работи, како и Урсула фон дер Леен, која сега е министерка за одбрана, а предходно беше министерска за семејство, пензионери, женски прашања и млади.

По изборите во 2013 година Меркел за нов шеф на својот кабинет и за сојузен министер за специјални прашања (како на пример за бегалците) го назначи Петер Алтмејер, кој во предходната влада беше министер за екологија, заштита на природата и нуклеарна безбедност.

proslava-vmro-izbori-2016-18-custom
Уште една сличност меѓу Македонија и Германија има во аферите за прислушување за разлика од Македонија. Од јануари 2014 година се случуваат таканаречените бомби што ги објави опозицијата, а кои имаат цел да го урнат имиџот на владејачката партија. Во Германија се случија афери за прислушување во кои беше откриено дека меѓу другото германски државјани за сметка на американски агенции прислушувале германски институции, дека германската национална агенција БНД прислушувала европски политички и бизнис цели за потребите на американската безбедносна агенција НСА, а беше откриено и дека американски агенции го прислушувале личниот телефон на канцеларката Меркел, што никогаш не беше официјално потврдено.

prislushuvanje-telefoni-tajni-sluzbi-02
Шефот на германската разузнавачка агенција БНД Герхард Шинделр иако за сите овие скандали од опозицијата беше повикан да даде оставка уште по откривањето на аферите на почетокот на 2015 година, од челното место на најважната германска безбедноста служба си замина во јули 2016 година.
Шефот на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков даде оставка на почетокот на мај 2015 година, на 3 месеци од почеткот на објавувањето на прислушуваните разговори и по настаните во Куманово каде што загинаа 8 припадници на македонските специјални полициски сили.
За разлика од Македонија каде што прислушуваните разговори меѓу кои имаше и голем дел од приватни разговори кои што не неа од јавен интерес, беа објавувани од СДСМ, медиуми како и на социјалните мрежи во Германија сите нелегално прибавени раговори беа веднаш отстранети од јавниот простор.

merkel-izbori
Бидејќи на последните избори Ангела Меркел немаше апсолутно мнозинство и имаше пад на поддршката, доколку Германија ги послуша препораките од последната анализа на „Конрад Аденауер“ тогаш „гласачите ѝ испратија јасен сигнал за промени на владејачката коалиција, сигнал кој пред сѐ не се прифаќа од ЦДУ. Наместо да се иницираат внатрепартиски реформи, во Германија се прави обид да се задржи еродираната власт“.
Дали во Германија имаше пораки на народот или пак немаше?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top