Општина Прилеп и оваа година ќе организира дочек на Нова година на градскиот плоштад „Методија Андонов – Ченто“. Градоначалникот Марјан Ристески и Советникот за култура, Снежана Ристеска, на денешната прес-конференција ја најавија програмата, која ќе започне на 31 декември напладне со програма за најмладите.
Градоначалникот Ристески ги покани дечињата на дневно-забавната програма каде што ќе настапат „Јунаците од бајките“ од Народниот театар „Војдан Чернодрински“ и музичката група „Нокаут“.
Вечерната програма ќе започне во 22:30 часот со настапот на Белинда и Шило, а веднаш по спектакуларниот огномет, топлото вино и чајче, следува настапот на диџијското трио „The Mode“.
За првпат оваа година во пресрет на празниците општина Прилеп во соработка со Црвениот крст на град Прилеп го организираат хуманитарниот настан наречен „Денови на солидарност за најмладите“ каде што в сабота во период од 10 до 18.00 часот сите добронамерници ќе може да донираат пакетчиња за најмалите на пунктовите во „Тинекс“, „Футура“, „Викторија тобако“, „Бонита“, на градскиот плоштад, како и во сите поголеми маркети низ градот.
Градоначалникот Марјан Ристески посочи дека општина Прилеп е една од најхуманите општини не само преку оваа новоорганизирана акција, туку и преку низа други настани, како што се Светиниколскиот турнир, кој, исто така, има хуманитарен карактер, а веднаш по Нова година се организира и традиционалниот божикен ручек наменет за децата без родители, децата со посебни потреби, децата на загинатите бранители…
Уште еднаш градоначалникот Марјан Ристески посочи да бидеме хумани и да донираме, а најлудата ноќ да ја поминеме на градскиот плоштад „Методија Андонов – Ченто“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Премира во Драмски на „Прослава“ (Фестен), првата догме – претстава кај нас
-
Исчезнато 21 – годишно момче од Прилеп
-
Летале шишиња и тупаници, масовна тепачка среде бел ден во центарот на Прилеп
-
Нехигиената стана атракција во Прилеп: Дали странски туристи со кофи ловат жаби во прилепските фонтани? (галерија)