Предвремените парламентарни избори ги набљудуваат 7.585 домашни набљудувачи, 667 странски набљудувачи и 75 странски новинари.
Според податоците на Државната изборна комисија, за изборите се акредитирани и 354 преведувачи.
Најмногу домашни набљудувачи имаат акредитирано граѓанската асоцијација МОСТ – 3.435 и здружението за хуманитарни активности Синергија – Штип – 3.387 набљудувачи, Цивил – центар за слобода – 308, Здружението национален ромски центар (НРЦ) – Куманово – 143, Институт за економски стратегии и меѓународни односи – Охрид – 61 набљудувач и македонскиот центар за култура и развој – 50 набљудувачи.
Мисијата за набљудување на избори ОБСЕ/ОДИХР акредитираше 281 набљудувач, мисијата на ОБСЕ 65, Амбасадата на САД 51 набљудувач, Парламентарното собрание на ОБСЕ 27, Парламентарното собрание на Советот на Европа 22, Европскиот парламент и Европската унија по 16 набљудувачи и претставници на амбасадите во земјава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.