Претставничката на ОБСЕ/ОДИХР, Елен Шустик, на денешната средба со генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, повика СДСМ да ги евидентира и документира сите докази за изборни нерегуларности и да ги достави како до надлежните институции во Македонија, така и до набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР, извести СДСМ.
– Со внимание следиме што се случува за време на кампањата и изборите – порачала претставничката на ОБСЕ/ОДИХР.
Како што соопштува СДСМ, Генералниот секретар Спасовски ја информирал за забележителен притисок врз гласачите од страна на владејачката партија, ВМРО ДПМНЕ.
Претставничката на ОБСЕ/ОДИХР се интересирала и за однесувањето на медиумите кон учесниците во изборниот процес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.