Министерот за правда Блерим Беџети за МИА истакнува дека измените на Изборниот законик не се завршено прашање, напротив во однос на таа тема продолжува да се работи во континуитет.
Работната група при Министерство за правда континуирано работи да бидат вградени сите препораки од ОБСЕ/ОДИХР што се однесуваат на локалните избори вклучувајќи го и гласањето на дијаспората која, како што вели, претставува приоритет на Владата.
– Измените на Изборниот законик кои беа прифатени во Собранието се со приоритет во делот на локалните избори, а во наредниот период ќе продолжиме во делот на парламентарните и претседателските избори кои исто така се дел од препораките од ОБСЕ/ОДИХР и Венецијанската комисија, нагласува министерот.
Беџети за МИА посочува дека членовите на Работната група, побарале прво да заврши постапката во Собранието, каде на предлозите беа доставени повеќе амандмани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Штетата е 100.000 евра, човечки фактор е причина за избувнување на пожарот во Правда
-
Зградата во Министерството за правда се запалила од неизгасната цигара или решо?
-
Вети дека нема да паркира пред Министерство, но за прекршоци ништо не вети: Полна лента не се важи ако си Министер за правда? (фото)
-
Изборите ги следат 7.585 домашни и 667 странски набљудувачи