Министерот за надворешни работи Никола Попоски се сретна со Герт-Хајнрих Аренс, шеф на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за претседателските и предвремените парламентарни избори 2014. Според МНР, Попоски ја истакнал подготвеноста да даде помош и логистичка поддршка на Мисијата за набљудување на изборите при што подвлекол дека Република Македонија високо ја цени улогата на ОДИХР и присуството на набљудувачите на претстојните избори.
На средбата станало збор и за последните промени во Изборниот законик, направени согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР, што беа усвоени консензуално и заложбите на Владата на Република Македонија за спроведување на фер и демократски избори. Било изразено взаемно задоволство за соработката со меѓународните набљудувачки мисии во досегашниот изборни циклуси, како и очекување истата да продолжи и во иднина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.