Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР денеска официјално ќе го започне набљудувањето за предвремените парламентарни избори во Македонија закажани за 11 декември.
Каетана де Зулуета, шеф на Набљудувачката мисија за избори на ОБСЕ/ОДИХР, по тој повод на прес-конференција ќе ја претстави улогата на Мисијата и претстојните активности. Де Зулуета неодамна е назначена за шеф на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР во Македонија на местото на амбасадорот Јан Петерсен, кој требаше да биде на чело на мисијата за претходните термини на изборите, што беа одложени
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.