Голем број на македонски граѓани на гласачкото место 5003 во Брисел (Белгија), откако според нив, иако биле уредно пријавени, денеска не успеале да го остварат своето гласачко право и да гласаат како македонски граѓани од дијаспората.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, најголемиот број, досега официјално 75, од тие кои денеска не можеа да го остварат своето бирачко право во европската престолнина се Македонци од ромска националност.
Од избирачкиот одбор на Државната изборна комисија во Брисел, за МИА истакнаа дека вкупно 284 лица се запишани и ќе имаат право денеска да гласаат во Брисел, од кои до 12 часот тоа свое право го оствариле 50 лица. Оттаму информираат дека над 90 проценти од приајвените гласачи тоа го сториле електронски, преку интернет, па велат дека оние што денеска ги нема на списокот, најверојатно немале успешно интернет-пријавување.
Поплаки за волшебно ичезнување од списоците за гласање има и од македонските граѓани во Австрија, при што најмалку 50 лица, иако тврдат дека уредно се пријавиле преку Македонската амбасада во Виена, сепак денеска не успеале да гласаат, бидејќи ги немало на списоците.
Вкупно 20.573 македонски граѓани се запишани за денешното гласање во дијаспората, кои ќе можат тоа право да го остварат во 46 дипломатско-конзуларни претставништва.
Четири политички партии и коалиции имаат свои кандидати во дијаспората, при што за еден да заземе место во македонското Собрание, треба да добие минимум 6.500 гласови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дерковски: Едно гласачко место е поништено бидејќи резултатот намерно бил променет
-
Дијаспората му порача на Заев: Треба да дадете неотповиклива оставка!
-
ДИК: Со последните обработени податоци 91,4 отсто за, 5,64 отсто против
-
Огромен пад на гласачите во дијаспората: За референдум се регистрирале 3 проценти од гласачите, а од нив помалку од 1.000 луѓе гласале