| четврток, 6 декември 2018 |

Месијанизам

 

Ацо Станковски

Ацо Станковски

 

Ед­на од нај­че­сти­те ви­до­ви под­во­е­на лич­ност е онаа што ре­фе­ри­ра на ме­си­ја­ни­зам. Ду­шев­но­бол­ни­от, обич­но, мис­ли де­ка е ме­си­ја – бож­ји по­ма­за­ник или пра­те­ник, спо­ред ста­ро­за­вет­ни­от ре­ли­ги­о­зен кон­цепт на древ­ни­те Хе­бреј­ци, кои го че­ка­ле оној кој ќе ги спа­си од Ва­ви­лон, кој, во слу­ча­јов, до­би­ва гре­вов­на и мо­рал­но про­пад­на­та ко­но­та­ци­ја и ќе ги изв­ле­че от­та­му. Ка­ко што Мој­сеј ги из­не­се од ропс­тво­то еги­пет­ско.

Но, ме­си­ја­та е из­ба­ви­тел на ду­ши­те, тој ги про­сту­ва гре­во­ви­те, ги чи­сти лу­ѓе­то од зло­то и ги во­ве­ду­ва во Изра­ел, во не­бе­ска­та др­жа­ва или, ако са­ка­те, спо­ред То­ма Аквин­ски – во Бож­ја­та др­жа­ва.

Ко­га се по­ја­вил Исус од На­за­рет, на­ро­дот се по­де­лил. Ед­ни­те го при­фа­ти­ле ка­ко ме­си­ја (по хри­сти­јан­ско­то тол­ку­ва­ње – Бож­ји син), а дру­ги­те, по­себ­но оние, елит­ни сло­е­ви во оп­штес­тво­то, ка­ко фа­ри­се­и­те и са­ду­ке­и­те, но и ре­во­лу­ци­о­нер­но ори­ен­ти­ра­ни­те про­тив рим­ско­то ропс­тво – зи­ло­ти, по­чув­ству­ва­ле го­лем ани­мо­зи­тет кон не­го. Тие, всуш­ност, стра­ву­ва­ле де­ка при­фа­ќа­ње­то на ме­си­ја­та зна­чи авто­мат­ско и не­по­врат­но гу­бе­ње на нив­ни­от авто­ри­тет, со што опас­но би би­ле за­гро­зе­ни нив­ни­те по­вол­ни и вли­ја­тел­ни по­зи­ции во оп­штес­тво­то.

И, ту­ка гле­да­ме, ка­ко по­ли­ти­ка­та под­мол­но, но не и по­мал­ку агре­сив­но, се вме­шу­ва во оваа, по сѐ, ду­хов­на афе­ра.

Опо­нен­ти­те на ме­си­ја­та пле­тат зло­бен за­го­вор ко­ри­стеј­ќи го рим­ски­от на­мес­ник Пон­тиј Пи­лат ка­ко ору­дие во оби­дот за фи­зич­ко­то ли­кви­ди­ра­ње на Исус од На­за­рет, ко­го на­ро­дот ма­сов­но поч­ну­ва да го пре­поз­на­ва ка­ко Бож­ји пра­те­ник.

Прог­ла­сен за ере­тик и бун­тов­ник про­тив авто­ри­те­тот на Рим­ско­то Царс­тво, Исус од На­за­рет би­ва по­гу­бен од рим­ски­те оку­па­ци­ски вла­сти со расп­ну­ва­ње, каз­на, на­ме­не­та за нај­те­шки­те пре­стап­ни­ци.

По­тоа, Рим­ска­та Им­пе­ри­ја, за­ед­но со сво­и­те про­вин­ции и са­тра­пии, вле­гу­ва во бес­по­штед­но про­го­ну­ва­ње на вер­ски­от култ на Исус Хри­стос и на не­го­ви­те след­бе­ни­ци.

И тоа трае след­ни­те не­кол­ку ве­ка, сѐ до по­ја­ва­та на ца­рот Кон­стан­тин Ве­ли­ки, кој со Ми­лан­ски­от едикт ги ста­ви хри­сти­ја­ни­те над­вор од про­го­нот на рим­ска­та власт.

Во ме­ѓу­вре­ме се про­це­ну­ва­ат де­се­ти­ци ми­ли­о­ни по­гу­бе­ни хри­сти­ја­ни во ужас­ни­те по­гро­ми, ор­га­ни­зи­ра­ни од рим­ски­те вла­сти про­тив нив се­то тоа вре­ме. Во ва­ква ат­мо­сфе­ра, кул­тот на Бож­ји­от син (ме­си­ја­та) се ши­ри ми­ну­вај­ќи нај­раз­лич­ни, ду­ри и мор­ни­ча­ви фа­зи (за вре­ме на Ин­кви­зи­ци­ја­та), но и во но­ви по­гро­ми, што во ме­ѓу­себ­на­та се­кта­шка по­де­ле­ност, но и во ис­лам­ски­те осво­ју­ва­ња на хри­сти­јан­ски­те зем­ји, се ма­сов­но вр­ше­ни.

Во се­кој слу­чај, хри­сти­јанс­тво­то де­нес е нај­го­ле­ма­та свет­ска ре­ли­ги­ја, ба­рем што се од­не­су­ва до цен­трал­на­та оска на вер­ска­та про­ек­ци­ја, а тоа е лич­но­ста и де­ло­то на Исус Хри­стос.
Во Хри­ста ве­ру­ва (ба­рем но­ми­нал­но) по­ве­ќе од по­ло­ви­на од пла­не­тар­на­та по­пу­ла­ци­ја, што све­до­чи за не­го­ва­та автен­тич­на ду­хов­на си­ла, за не­го­ви­те де­ла и за не­го­ва­та оправ­да­на исто­ри­ска ми­си­ја, што за чо­веш­тво­то, ба­рем за оној по­све­те­ни­от дел – е ви­стин­ски ме­си­ја и Бож­ји син.

Но, пре­тен­ден­ти на ме­си­јан­ски ста­тус има мно­гу. Ги има­ло и во ми­на­то­то, и во се­гаш­но­ста, и се­ко­гаш ќе ги има.

Се­пак, да се до­бие по­зи­ци­ја­та на „ме­си­ја“ е ужас­но те­шко. Ко­га не­кој спи­ри­ту­ал­но та­лен­ти­ран чо­век ќе се впу­шти во ва­ква фи­кса­ци­ја, то­гаш си­те ѓа­во­ли од овој свет ќе се со­бе­рат за да му по­ка­жат кол­ку е луд, глу­пав и нес­по­со­бен, за на кра­јот да му го оп­сед­нат умот и да го до­ве­дат во ужас­ни со­стој­би. Обич­но, ва­ка раз­би­е­ни од не­че­сти­ви­те, по­тоа ги но­сат во луд­ни­ца. И та­му им е кра­јот.

Но, не­ко­гаш са­ми­от пре­тен­дент за „ме­си­ја“ е итар ка­ко и са­ми­от ѓа­вол. Не­ко­гаш ду­ри и по­и­тар, по­себ­но ако се ра­бо­ти за же­на, не­ко­ја по­себ­на же­на, ко­ја са­ка да си из­гра­ди бо­жес­твен ста­тус, ста­тус на про­ро­чи­ца или, ед­но­став­но, бо­жи­ца, ре­ин­кар­ни­ра­на во чо­веч­ко би­тие (ка­ко Ли­лит, на при­мер).

Со сла­бе­е­ње­то на авто­ри­те­тот на цр­ква­та, не­ка­де во вре­ме­то на ра­ци­о­на­лиз­мот и по Фран­цу­ска­та бур­жо­а­ска ре­во­лу­ци­ја, па­за­рот на про­ро­ци и лаж­ни ме­сии, на све­ти учи­те­ли и раз­но­раз­ни гу­руа, наг­ло се зго­ле­ми иа­ко и пред тоа бро­јот на пре­тен­ден­ти­те во­оп­што не бе­ше мал. Тие што беа во рам­ки­те на хри­сти­јан­ски­от култ, ги гле­даа ка­ко еден вид бе­ниг­ни, ду­шев­но бол­ни ин­ди­ви­дуи, до­де­ка оние што из­ле­гу­ваа над­вор од кул­тот беа про­го­ну­ва­ни и ек­стер­ми­ни­ра­ни. Обич­но, па­ле­ни на кла­ди.

Во но­во­то вре­ме, вре­ме­то на про­све­ти­телс­тво­то, овие ре­пре­си­ра­ни окулт­ни и па­ган­ски гру­па­ции до­жи­ве­а­ја про­цут. По­себ­но во Фран­ци­ја, Гер­ма­ни­ја и во Бри­та­ни­ја, во вре­ме­то на ро­ман­тиз­мот и сим­бо­лиз­мот. То­гаш во кул­ту­ра­та се по­ја­ви ед­но сил­но ан­ти­хри­сти­јан­ско чув­ство, по­себ­но од то­гаш аван­гард­на­та фи­ло­зоф­ска, кни­жев­на и умет­нич­ка ели­та.

Ате­из­мот проц­ве­та во Евро­па при кра­јот на 19 и по­че­то­кот на 20 век. Се­пак, кул­тот на Исус Хри­стос во­оп­што не пре­тр­пе ни­ка­ква де­гра­да­ци­ја, и по­крај си­те оби­ди на овие мис­ли­те­ли да го уни­штат најм­но­гу за­тоа што тие исти фи­ло­зо­фи са­ми­те изра­зу­ваа, не та­ка ре­тко, и експ­ли­цит­ни оби­ди да би­дат вос­по­ста­ве­ни ка­ко култ. Ка­ко про­ро­ци или ме­сии на ед­на но­ва иде­о­ло­шка ви­зи­ја, ко­ја ќе ја за­ме­ни ре­ли­ги­ја­та – „опи­у­мот за на­ро­дот“, но ко­ја по­втор­но ќе соз­да­ва ол­та­ри на обо­жу­ва­ње­то, овој пат на умс­тве­ни­ци­те што го „спа­си­ле“ на­ро­дот од илу­зи­и­те и од тем­но­то ма­че­ниш­тво на не­о­све­сте­ност. По­тоа, од зло­ба­та на ка­пи­та­ли­сти­те и од сѐ дру­го што е по­вр­за­но со тра­ди­ци­ја­та… но оваа игра оди до бе­скрај… до суд­ни­от ден.

Да се на­ре­че ед­на по­ли­тич­ка пре­диз­бор­на кам­па­ња „За жи­вот“ зву­чи ако не пот­пол­но очај­но или, пак, ужас­но па­те­тич­но (за оние со смис­ла за ху­мор), то­гаш ба­рем бес­по­го­вор­но, мо­ра да приз­на­е­ме, де­ка ту­ка има сил­ни асо­ци­ја­ции на ме­си­ја­ни­зам.

Ако кон ова ги до­да­де­ме и ин­тим­ни­те све­до­че­ња на ли­де­рот на СДСМ, де­ка бил црп­нат од ни­ва од стра­на на не­ко­ја не­и­ден­ти­фи­ку­ва­на „нат­при­род­на си­ла“ за да ја из­вр­ши сво­ја­та „ми­си­ја“ на зем­ја­ва (Ма­ке­до­ни­ја, Стру­ми­ца или Мур­ти­но, кој ли ќе го знае…), то­гаш гле­да­ме де­ка има­ме ек­ла­тан­тен при­мер за еден вид под­во­е­на лич­ност, за мен­тал­но бол­на лич­ност, ко­ја во се­бе одг­ле­ду­ва не­кол­ку твр­до­кор­ни ка­ра­кте­ри. Ед­ни­от е сим­па­ти­чен и не­по­сре­ден зем­јо­де­лец, дру­ги­от е итар и ал­чен опор­ту­нист, а тре­ти­от е „ме­си­ја­та“, из­бра­ни­от од „бо­га“ (или, мо­же­би од не­че­сти­ви­от), со ми­си­ја да зав­ла­дее со ср­ца­та и ду­ши­те на лу­ѓе­то. А кој се спро­тив­ста­ви – ис­чез­ну­ва од про­сто­рот за жи­ви­те.

Ина­ку, овие ка­ра­кте­ри по­не­ко­гаш се иг­но­ри­ра­ат ме­ѓу­себ­но. Ток­му за­тоа из­ле­гу­ва­ат тол­ку мно­гу ла­ги со та­ква лес­но­ти­ја од Црп­ко – но­ви­от ма­ке­дон­ски по­ли­тич­ки „ме­си­ја“. Ла­ги, кои го ком­про­ми­ти­ра­ат и де­кон­стру­и­ра­ат и го пра­ват пот­пол­но нес­по­со­бен за она ме­сто, кое не­го­ва­та ам­би­ци­оз­ност та­ка лу­дач­ки го по­са­ку­ва. За­луд­но. На­ро­дот гле­да. И да не бе­ше тол­ку таж­но, ќе бе­ше бе­скрај­но смеш­но.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top