По две децени конечно падна државниот рекорд на Александар Маленко на 50 метри слободно.
На Светското првенство во пливање во 25-метарски базени во Канада, 19-годишниот Љупчо Ангеловски во квалификациите на трката на 50 метри слободно постави време 23:43 секунди и за 11 стотинки го собори рекородот на Маленко (23:54 секунди).
Само неколку минути подоцна овој рекорд го собори и Марко Блажевски кој во својата квалификациска група исплива резултат 23:07 секунди.
Радува одличната форма на нашите пливачи, посебно напредокот на Блажевски кој уште неколку пати ќе плива на Светскиот шампионат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.