Најмалку 19 лица од околината на Квебек починаа како последица на високите температури што неделава го зафатија источниот дел од Канада.
Меѓу жртвите 12 се од Монтреал, наведе службата за вонредни ситуации.
Метеоролозите соопштија дека во источниот дел на Канада температурите деновиве се движеа помеѓу 34 и 40 Целзиусови степени, со висока стапка на влага. Ниту еден смртен случај не е регистриран во соседната провинција Онтарио, каде што деновиве преовладуваа високи температури.
На подрачјето на Монтреал во 2010 година починаа околу 100 лица поради високите температури.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.