| четврток, 6 декември 2018 |

Александар Маленко: Многу сум среќен за ќерка ми

–  Јас сум многу среќен за мојата ќерка. Нејзиниот сопруг го познавам од многу порано, тие се прекрасна двојка и совршени се еден за друг. Господ нека им дава здравје, среќа и љубов – изјави Маленко „Женски магазин“ по повод свадбата на најстарата ќерка Лора, поранешниот пливачки ас и актуелен претседател на пливачката федерација на Македонија, Александар Маленко.

Лора Турунџиева и Филип Наунов се венчаа на празникот Успение на Света Богородица во Скопје.

Лора е единствената ќерка од бракот на Турунџиева и на Маленко.

Маленко од четирите брака има пет деца, а Лора му е единствена ќерка. Во емисијата „Еден на еден“, Маленко изјави дека со сегашната сопруга, со која има две деца, размислува за проширување на семејството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top