| четврток, 6 декември 2018 |

Бебе си играло со мобилен на полнач: Кога се разбудила мајката, веќе било мртво

Во Актау во Kазахстан починало бебе, а трагедијата се случила додека родителите на девојчето биле во близина и дозволиле да си игра со мобилен кој бил приклучен на полнач вклучен во струја.

Фотографијата со изгорените рачиња ја објавиле на социјалните мрежи вработени во болницата за да им укажат на родителите каква опасност ги демне децата кои имаат мобилилните телефони. Под фотографијата пишувало: „Не оставајте ги сами децата да си играат со мобилните телефони!“

bebe1-630x419

Мајката на бебето спиела покрај девојчето додека си играло со мобилниот кој бил приклучен на полнач. Кога се разбудила детето не испуштало звуци, па се посомневала дека нешто не е во ред.

–Ја свртев и видов дека не дише и дека нема пулс. Ништо не ми беше јасно. Веднаш ја однесов во болница.

Кога стигнале во болницата, докторите можеле само да констатираат смрт. Потврдиле дека детето починало од електрошок со видливи повреди на рацете. Се уште не се знае дали полицијата го истажува овој случај.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top