| четврток, 6 декември 2018 |

Брена: Ме мразеа бидејќи се омажив за Србин!

brena

Лепа Брена за прв пат ја отвори душата и проговори за проблемите  со кои се носела со години, па и децении.

Распадот на Југославија, воената состојба, економската криза, верската и националната омраза која ја осетила на своја кожа, киднапирањето на синот… сето тоа оставило трајни последици на најголемата балканска ѕвезда од кои и денеска трепери.

После се што доживеа и преживеа, кога повторно би се родила, вели дека не би посакала да биде најголема ѕвезда на Балканот.

-Не можам да верувам на луѓето кои поминале напорен пат во животот и тогаш велат, повторно би го направиле истото. Кога повторно би се родила, никогаш ова не би го работела. Не само како Лепа Брена, туку како претседател или кралица на светот. Тешко е за жена да биде и сопруга и деловна жена. Децата не ги интересира успешна жена која прави кариера на пејачака и добро заработува. Да можам да го вратам времето, никогаш не би била Лепа Брена – вели пејачката.

Набрзо после венчавката за Бобо, се тргнало надолу. Почнала војната и расколот меѓу братските нации.

-Кога ние се венчавме, Лепа Брена беше избришана од овие простори. Веќе никому не бев потребна и никому не бев добра. Сите сакаа да ме развлекуваат во калта, да ги бришат нозете од мене, да ми го избришат името и се што стекнав. Не бев добра со Србија, Босна, Хрватска, бидејќи бев Југословенка. Ме мрзеа и затоа што бев мажена за Србин –  рекла Лепа Брена.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top