За една година се направени илајди коронарни процедури во ГОБ 8-ми септември. Кај триста од нив било неопходно стентирање и други кардиолошки интервенции. По шестмина пациенти со срцеви заболувања дневно завршуваат на одделот за кардиологија во оваа болница. Лекарите алармираат дека веќе го плаќаме данокот на нашите навики и се повеќе млади лица доживуваат инфаркт.
– Одамна е поместена старосната граница. Годинава имавме и 20 инфаркти кои за среќа беа успешно третирани и голем дел од нив беа млади луѓе. причините се начинот на живот, стресот, цигарите, немањето физичка активност – изјави Антонио Антовски, шеф на одделеот за Кардиологија во ГОБ 8-ми септември.
Од менаџментот на болницата се задоволни од ентузијазмот на кардиолошкиот тим. Но за да продолжат со ова темпо неопходен им е дополнителен медицински кадар. Седум лекари работат со само две сестри.
-Имаме ние барање за вработувањер на 60 медицински сестри од кои 2-3 ќе бидат за тој оддел. Од финансии е одобрно, но нешто се упори овој процес, се надеваме дека сепак ќе биде реализирано. Бидејќи во спротивно нема да може да има втора смена, а нема да има и зголемување на бројот на процедури – вели Сашо Стојчев.
Поради недостигот на медицински сестри на кардиологија, од болницата велат дека нема да има услови за воведување на втора смена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.