| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија од вториот барабан ќе ги чека претквалификациските групи за СП 2019 година

makedonija-kosarka

Македонската кошаркарска репрезентација ќе биде дел од вториот квалитативен барабан на ждрепката в сабота во Прага за составот на претквалификациските групи за Светскиот шампионат во 2019 година. 13 селекции поделени во четири барабани според резултатите од квалификациите за Евробаскетот во 2017 година за учество во претквалификациите за Мундијалот во Кина.

Прв барабан:

Холандија, Босна и Херцеговина, Естонија, Белорусија

Втор барабан:

Македонија, Австрија, Шведска, Бугарија

Трет барабан:

Словачка , Португалија, Албанија, Косово

Четврт барабан:

Најдобрата селекција од првенството на мали држави, Ерменија.

Двете најдобро пласирани репрезентации од секоја од четирите групи обезбедуваат пласман во претквалификациите за Светското првенство во 2019 година во Кина, кои почнуваат во ноември во 2017 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top