Лацио официјално се извини во име на клубот за навредливиот коментар на Сенад Лулиќ на сметка на дефанзивецот на Рома, Антонио Рудигер.
По поразот од 2:0 во градското дерби, играчот од среднот ред на Лацио за две различни телевизии изјави дека „до пред две години Рудигер продаваше чорапи и каиши во Штутгарт“.
Рудигер е германски репрезентативец кој дојде во Рома од Штутгарт за 9 милиони евра и во ниту еден период од неговиот живот не бил уличен продавач.
– Клубот е загрижен поради овие коментари и начинот на кој беа интерпретирани. Се извинувам во името на клубот за изјавите дадени во афект од играч кој само што го загуби дербито, изјави Артуро Дијаконале, директорот за комуникации на Лацио.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Палота до Барселона: Дајте ни го Меси и сè ви е простено
-
Картите се спремни: Рома го знае својот противник во Лигата на шампионите? (фото)
-
Ни крив, ни должен „фатил“ 42 000 евра: Одиграл на победа на Барселона, грешката на вработената го направила богат
-
Лудило во Рим: Претседателот на Рома скокна во фонтана (Видео)