Претседателот на Рома, Џејмс Палота е запрашан за сегашните односи на неговиот клуб и Барселона откако каталонците им го „украдоа“ Бразилецот Малколм, изјави дека единствениот начин да им прости е да го испратат Лионел Меси на „Олимпико“.
– Тоа беше неморално однесување од Барселона. На денот кога Малком требаше да потпише за нас, директорот Мончи беше на телефон со менаџерот, договорот беше постигнат. Ние исто така имаме докази, можеме да се јавиме на Бордо за да го потврдат тоа. Вчера ме повикаа од Барселона за да се извинат, но јас не го прифаќам тоа. Единствениот начин да им простиме е да ни го испратат Лионел Меси, рече саркастично Палота, откако очигледно не е задоволен од настанатата ситуација.
Сепак, тој беше потсетен дека нема за што да се жали, кога ништо не било потпишано, но Палота имаше подготвен одговор.
– Ова се глупости. Секој знае како работите функционираат во овој бизнис. Тргнете го за момент на страна правниот аспект на приказната, начинот на кој Барселона се однесуваше не е етички. Тоа не е морално. Малком сакаше да дојде кај нас, а интерес имаа и Лестер и Евертон, но без официјални понуди. Дури ја поставивме клаузулата за откуп на 120 милиони евра, смета шефот на Римјаните.
Но, претседателот на Рома, сепак, изјави дека ќе продолжи да работи со каталонците.
– По овој случај не ја затвораме вратата во однос на Барселона. Тие се поголем клуб од нас и ќе соработуваме со нив во иднина, заклучи Палота.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“