| четврток, 6 декември 2018 |

Продаваше чорапи и каиши во Германија – Лацио се извинуваше за изјавата на Лулиќ

BERGAMO, ITALY - OCTOBER 20: Senad Lulic of Lazio during the Serie A match between Atalanta BC and S.S. Lazio at Stadio Atleti Azzurri d'Italia on October 20, 2013 in Bergamo, Italy. (Photo by Maurizio Lagana/Getty Images)

Лацио официјално се извини во име на клубот за навредливиот коментар на Сенад Лулиќ на сметка на дефанзивецот на Рома, Антонио Рудигер.

По поразот од 2:0 во градското дерби, играчот од среднот ред на Лацио за две различни телевизии изјави дека „до пред две години Рудигер продаваше чорапи и каиши во Штутгарт“.

Рудигер е германски репрезентативец кој дојде во Рома од Штутгарт за 9 милиони евра и во ниту еден период од неговиот живот не бил уличен продавач.

– Клубот е загрижен поради овие коментари и начинот на кој беа интерпретирани. Се извинувам во името на клубот за изјавите дадени во афект од играч кој само што го загуби дербито, изјави Артуро Дијаконале, директорот за комуникации на Лацио.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top