Рим синоќа гореше! Со тие зборови може да се опише славјето на навивачите и играчите на Рома откако во чудесен натпревар ја совладаа Барселона со 3:0, со што го елиминираа фаворитот за освојување на ЛШ оваа сезона. Фудбалерите најпрво својата победа ја славеа во соблекувалната, посебно кога на журката се придружи и легендата на фудбалот Франческо Тоти кој славеше заедно со играчите на Рома.
После последниот свиреж на судијата на Олимпико настана лудница. Славјето кое почна на стадионот се пренесе на улиците на главниот град во Италија.
На навивачите на улиците се придружи и претседателот на клубот Џејмс Палота. Тој во чест на големата победа скокна во фонтаната, кој после тоа доби огромни овации од навивачите.
Славјето траеше до раните утрински часови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)