Информациите дека спортската двојка Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер плнираат да го прошират семејството ги потврди и самиот Ули Хенес, ново-стариот претседател на Баерн Минхен.
На доделувањето на наградите БАМБИ за продонес во германската фудбалска репрезентација на прашањето дали ќе ѝ го оствари сонот на сопругата Ана, која сонува за големо семејство, Бастијан насмеано одговорил:
-Наскоро. Сѐ ќе знаете наскоро.
Втора потврда за тоа дека Ана е во блажена состојба е изјавата на Ули Хенес, легендарниот германски играч кој неодамна беше реизбран за прв човек на Баерн Минхен.
-Колку што знам Бастијан наскоро ќе се поблече од фудбалот. Сфатив дека му е проиоритет семејството. Да го вратиме во Баерн, нема да му направиме услуга. Мислам дека тој има други приоритети и ека веќе не е толку заинтересиран за фудбал.
Сепак, проблемот и не е толку во Бастијан колку што е во Ана, односно во нејзините спонзори. Безрезервната среќа ќе ги чини Швајнштајгерови многу скапо.
Ана е обврзана да игра тенис до 30 години и само повреда може да ја одвои од терените. Во спротивно на спонзорите треба да им исплати пенали и до 7 милиони евра, барем ако остане бремена во наредната година.
Ивановиќ има доживотен договор со Адидас. Додека игра тенис, добива годишни приходи од пет милиони евра. Ако одлучи да се откаже, ќе заработува годишно по 1,5 милиони евра. Со други зборови, ако забремени, ќе изгуби минимално две сезони тенис, а тоа во пари зинесува неверојатни седум милиони евра.
Адидас не е единствената фирма која на овој начин ги заштитла своите интерси. На пример, нејзиниот договор со Дубаи дјути фри пропишува задолжително учество на некои турнири и нивни рекламни настани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.