| четврток, 6 декември 2018 |

Хит на интернет: Иванка Трамп му го честиташе роденденот на синот кој има само осум месеци!

Иванка Трамп, ќерката на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, објави фотографија од својот осуммесечн син и напиша „Не можам да верувам дека Теодор денес има осум месеци. Среќен роденден мое мало меченце“.

Со оваа објава таа стана предмет на шегување на интернет откако на синот му честиташе осум месеци и тоа го претстави како роденден.

– Тоа не е роденден – и порача една корисничка на твитер.

– Се надевам дека ќе ужива во вториот роденден за четири месеци – напишала друга корисничка.

Сепак, Иванка не сакала да остане недоречена па им одговорила на сите критичари.

– Секако дека сте во право. Но, во првата година на бебето во ред е да се слави секој месец – напиша таа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top