| четврток, 6 декември 2018 |

Кустурица: Да не беше Кастро, во Патагонија ќе се зборуваше англиски

Кустурица: Да не беше Кастро во Патагонија ќе се зборуваше англиски

„Да не беше Фидел Кастро во Патагонија ќе се зборуваше англиски, ми рече во Хавана Габриел Гарсија Маркес“, вели по повод смртта на Кастро српскиот режисер Емир Кустурица, кого веста од Куба го затекна во Аргентина. „Беше тоа време кога семејството Клинтон го примаа покојникот Маркес на вечери и кога сакаа да ги поправат односите со Куба“- додава.

synktkqturbxy81nja2nznjmtflyzyzywi5ytkzmddkmdy5mtvlyme2ns5qcgvnk5uczqmuamldlqlnadyawsovb9kyl3b1bhnjbxmvturbxy8xzdc0y2i0mtcwntk1mdqznjyyownhymq2mdzmntbmni5wbmchwga-Каков триумф, си мислев, САД сака да ги поправи односите со малиот остров. Тоа се случи дури осум години подоцна кога Обама стигна и се обиде да го прегрне Раул, а овој пред целиот свет му веднаш му ја тргна раката од рамењата. Колку и да имате резерви кон такви намери, мислам дека Куба на Кастро за американците беше исклучок- коментира Кустурица.

Српскиот режисер се прашува- како не го ценеле и оние кои сакале да го ликвидираат откако ги преживеа и обидите за над 500 атентати.

-Никогаш не го изневери народот, ако го иземеме бродот на кој ги натовари крадците и ги испрати во Мајами, стоеше зад него. како почна така и заврши. Да не спомнувам како ги совлада кризите, на кој начин светот, најмногу по поразот на СССР, еден по друг малите народи тргнаа удолу. Тогаш цел свет шетпеше како Куба ќе пропадне откако ќе почине Кастро- наведува српскиот режисер, па додава, Куба под раул нема да биде ништо помалку социјалистичка од оваа која ја остави Кастро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top