| четврток, 6 декември 2018 |

Трагично: Бебе се задуши во сон

Едномесечно бебе кое во средата околу 10 часот било доведено во Домот за здравје во Сребреник, Босна и Херцеговина без знаци на живот, починало поради гушење, потврдиле од обвинителството.

Од болницата изјавиле дека направиле се што е потребно за бебето да го реанимитаат, но без никакви резултати.

Мајката на трагично починатото бебе Мелиха Силијаќ иако била во шок, се согласила да прозбори за смртта на нејзиното дете. Таа вели дека како и секој ден, станала околу шест часот и го запалила огнот во печката за да не им биде ладно на децата. Откако го испила кафето и го нахранила тригодишниот син, го пресоблекла едномесечниот син и се обидела повторно да  заспие.

– На постариот син му дадов играчка, а бебето го земав во раце и легнав со него на креветот да го подојам за повоторно да заспие. Додека лежев покрај бебето и јас заспав. Не знам колку долго спиев. Само знам дека одеднаш го видов  тригодишниот син како лежи на местот каде што го оставив бебето. Кога го подогнав стариот син, под него видов бебето во крв, раскажала Мелига која се уште е во шок од трагедијата која и се случи. Се обидов на беебто да му дадам вештачко дишење, а потоа да го свртам на стомак и да го масирам по грбот за да полесно да дише. набрзина го пресоблеков бебето, па дежурниот лекар ми соопшти дека бебето е мртво.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top