| четврток, 6 декември 2018 |

Арон Рамзи даде гол, кој е следен за умирачка ? (видео)

Играчот на Арсенал, Арон Рамзи, даде гол, а неговите погодоци се смртоносни за славните личности. За среќа, Велшанецот ретко погодува, па досега нема многу жртви. Досега се само 4 и сите се познати, а починаа или се убиени, во период до 3-4 дена откако Рамзи ќе дадеше гол на некој од натпреварите на Арсенал. Случај за Рипли, но погледнете за што станува збор.

1 мај 2011 година – Рамзи ја затресе мрежата на Манчестер јунајтед, а следниот ден беше убиен Осама бин Ладен.

2 октомври 2011 година – Велшанецот му даде гол на ривалот од Лондон, Тoтенхем, а само три дена подоцна почина Стив Џобс, основачот на „Епл“.

19 октомври 2011 година – Рамзи се истакна против Марсеј во меч од Лигата на шампионите, даде гол во судиското продолжение, а веќе следниот ден почина Моамер ел Гадафи, долгогодишниот претстедател на Либија.

11 февруари 2012 година – Играчот од средниот ред на Арсенал биеше прецизно против Сандерленд, а на истиот датум во САД почина поп-дивата Витни Хјустон.

Еве го голот на Рамзи од синоќа против Виган во победата на Арсенал од 4-1. Можеби овојпат жртва ќе биде само Виган, екипа која со поразот испадна од Премиер-лигата.


Arsenal vs WIgan 4:1 Ramsey by footballdaily1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top