| четврток, 6 декември 2018 |

Одри Хепберн – идеал на едноставноста и на елеганцијата

Одри Хеп­берн е обо­жа­ва­на актер­ка, стил­ска ико­на, по­све­те­на мај­ка, ху­ма­ни­тар­ка и порт­па­рол­ка на си­те де­ца во све­тот. Се­ка­ко, таа е си­но­ним за еле­ган­ци­ја, женс­тве­ност, неж­ност и стил. Со ед­но­ста­вен изг­лед и скром­но од­не­су­ва­ње ги освои ср­ца­та на ми­ли­о­ни лу­ѓе во све­тот и ста­на ед­на од нај­поз­на­ти­те и нај­са­ка­ни­те да­ми од све­тот на шоу-биз­ни­сот. Има­ше сјај во неј­зи­ни­те очи, по­зи­тив­на енер­ги­ја во неј­зи­на­та нас­ме­вка и не­што ма­гич­но во неј­зи­на­та вон­вре­мен­ска и при­род­на еле­ган­ци­ја. Го ино­ви­ра­ше сти­лот кој пре­диз­ви­ка ре­во­лу­ци­ја во кон­вен­ци­о­нал­ни­те идеи за уба­ви­на во Хо­ли­вуд и во све­тот. Кра­тка ко­са, ка­при пан­та­ло­ни, ма­шки крој на са­ко­а­та, ба­ле­тан­ки и го­ле­ми очи­ла за сон­це – се са­мо не­кои од неј­зи­ни­те при­до­не­си за мод­на­та исто­ри­ја. Си­те зна­е­ме де­ка неј­зи­ни­от стил не бе­ше на­мет­нат од сти­ли­сти­те. Во су­шти­на, сти­лот ѝ бе­ше одраз на неј­зи­ни­от ка­ра­ктер, а неј­зи­ни­от ка­ра­ктер, пак, по­се­ду­ва­ше дла­бо­чи­на од ко­ја из­ви­ра­ат си­те неј­зи­ни вред­но­сти.

Сја­јот на оваа со­фи­сти­ци­ра­на и неж­на филм­ска ди­ва не е изб­лед­нет ни­ту де­нес, по­ве­ќе од две де­це­нии по неј­зи­на­та смрт. Тен­ка, еле­гант­на, урам­но­те­же­на. Ед­но­став­но, таа е не­над­ми­на­та прин­це­за на сти­лот. Има­ше од­не­су­ва­ње на прин­це­за. Прин­це­за со гра­ци­оз­ност, пре­фи­не­тост, еле­ган­ци­ја и не­вин изг­лед Пре­фи­не­то­ста на Одри има­ше за­чу­ду­вач­ки при­род­на, ед­но­став­но одраз на неј­зи­ни­от ка­ра­ктер. Бе­ше и оста­на нај­до­бар за­шти­тен знак на мод­на­та мар­ка „жи­ван­ши“. Сим­бол на еле­ган­ци­ја и шарм, но и не­у­мо­рен ам­ба­са­дор на УНИ­ЦЕФ. Де­нес неј­зи­ни­от стил го пра­кти­ку­ва Гви­нет Пал­троу. Ед­ни ја на­ре­ку­ваа нај­е­ле­гант­на­та же­на на си­те вре­ми­ња, а дру­ги ве­леа де­ка тра­ги­те што ги оста­ви таа се ап­со­лут­но при­сут­ни на­се­ка­де, па таа ќе се па­ме­ти ка­ко же­на­та со нај­ва­жен изг­лед на 20 век. По­точ­но, таа е мод­на ико­на на си­те вре­ми­ња. Сè уште не се над­ми­на­ти го­ле­ми­на­та и вли­ја­ни­е­то што Одри Хеп­берн ги има во све­тот на мо­да­та. Одед­наш и од ни­ка­де се по­ја­ви во фил­мот „Праз­ник во Рим“ во уло­га на прин­це­за ко­ја по се­ко­ја це­на са­ка­ше да ви­ди ка­ков е жи­во­тот на обич­ни­те смрт­ни­ци. Се­пак, за­се­ко­гаш оста­на прин­це­за.

audrey-hepburn-2

И ден-де­нес ја па­ме­ти­ме со ма­ли­от црн фу­стан и ма­че­шки очи­ла за сон­це во култ­ни­от филм „По­ја­док кај Ти­фа­ни“. Овој филм, де­фи­ни­тив­но, ја во­сто­ли­чи ка­ко не­при­кос­но­ве­на кра­ли­ца на сти­лот. Тоа бе­ше вре­ме ко­га во Хо­ли­вуд бе­ше во мо­да сти­лот на ди­ви­те ка­ко Ме­ри­лин Мо­нро, Ри­та Хеј­ворд и Ава Гард­нер. За раз­ли­ка од дру­ги­те слав­ни актер­ки, таа бе­ше не­на­мет­ли­ва, све­жа и единс­тве­на. Со сво­ја­та тен­ка и ви­со­ка по­ја­ва им пр­ко­се­ше на то­гаш­ни­те стан­дар­ди за уба­ви­на, а со сво­јот не­на­мет­лив шик им се спро­тив­ста­ву­ва­ше на си­те мод­ни пра­ви­ла на то­гаш­на­та хо­ли­вуд­ска ма­ши­не­ри­ја. А, од дру­га стра­на гле­да­но, пак, изг­ле­да­ше ка­ко лик од филм: чув­стви­тел­на, неж­на, ро­ман­тич­на, но исто­вре­ме­но и хра­бра же­на. Со не­ви­де­на­та женс­тве­ност и ед­но­став­но­ста на сти­лот, си­те беа раз­о­ру­же­ни, но и фас­ци­ни­ра­ни до ма­кси­мум. На по­че­то­кот, ме­ди­у­ми­те и мод­ни­те кри­ти­ча­ри ја на­ре­коа мо­дер­на на не­мо­де­рен на­чин за по­тоа со пра­во да би­де прог­ла­се­на за мод­на ико­на на си­те вре­ми­ња. Ги по­се­ду­ва­ше си­те не­шта за ед­на мод­на ико­на: шарм, не­ви­ност и та­лент. Се­ка­ко, еле­ган­ци­ја­та и сти­лот беа врв на сè. Неј­зи­ни­от изг­лед отсе­ко­гаш бе­ше про­ек­ци­ја на женс­тве­ност, а не на отво­рен и наг­ла­сен се­кса­пил. И де­нес, ко­га таа одам­на не е ме­ѓу жи­ви­те, таа сè уште е мод­на ико­на и без­мал­ку си­те од све­тот на мо­да­та се оби­ду­ва­ат да до­ло­ват ба­рем мал дел од неј­зи­ни­от стил, уба­ви­на и дух. Ка­ко и да гле­да­ме, кол­ку и да ана­ли­зи­ра­ме, таа и по тол­ку вре­ме од неј­зи­но­то по­ја­ву­ва­ње на филм­ско­то плат­но оста­ну­ва си­но­ним на женс­тве­ност и стил, а си­те фил­мо­ви во кои глу­ме­ше ста­наа и сè уште се ле­ген­дар­ни. Од мал црн фу­стан и ма­че­шки очи­ла во „По­ја­док кај Ти­фа­ни“, до дол­ги здол­ни­шта со ре­мен во „Праз­ник во Рим“. Одри ќе би­де за­па­ме­те­на по го­ле­ма­та до­за женс­тве­ност, што про­сто зра­че­ше од неа, и по еле­гант­на­та об­ле­ка кре­и­ра­на од неј­зи­ни­от оми­лен кре­а­тор Жи­ван­ши.

Ко­га на 20 ја­ну­а­ри 1993 го­ди­на ја за­гу­би би­тка­та со ра­кот, за неа та­гу­ва­ше це­ли­от свет. На неј­зи­ни­от по­греб, во бли­зи­на­та на Ло­за­на, во Швај­ца­ри­ја, ка­де што ги жи­ве­е­ше пос­лед­ни­те го­ди­ни од жи­во­тот, по­крај чле­но­ви­те на се­мејс­тво­то, беа си­те чел­ни лу­ѓе на УНИ­ЦЕФ, неј­зи­ни­те двај­ца по­ра­неш­ни со­пру­зи и го­лем број ко­ле­ги од филм­ска­та ин­ду­стри­ја и од шоу-биз­ни­сот. До­де­ка Гре­го­ри Пек ја ре­ци­ти­ра­ше неј­зи­на­та оми­ле­на пес­на „Љу­бо­вта ни­ко­гаш не пре­ста­ну­ва“ од Ра­бин­дра­нат Та­го­ре, на неј­зи­ни­от гроб пос­лед­на­та ру­жа ја по­ло­жи Ибер Жи­ван­ши, неј­зи­ни­от нај­до­бар дру­гар. Што по­ве­ќе да се ка­же за оваа ми­ле­нич­ка на љу­би­те­ли­те на фил­мот и му­за на мно­гу мод­ни кре­а­то­ри? – Без дво­у­ме­ње без­вре­мен­ска мод­на ико­на број еден. На кра­јот, таа е му­за што инс­пи­ри­ра и прив­ле­ку­ва со моќ на маг­нет.

audrey-hepburn-3

Актер­ка – хе­ро­и­на на љу­бо­вта

Одед­наш и од ни­ка­де се по­ја­ви во фил­мот „Праз­ник во Рим“ во уло­га на прин­це­за ко­ја по се­ко­ја це­на са­ка­ше да ви­ди ка­ков е жи­во­тот на обич­ни­те смрт­ни­ци. Оваа лир­ска ко­ме­ди­ја ѝ до­не­се „Оскар“, но и ја на­пра­ви ед­на од нај­по­пу­лар­ни­те актер­ки во Хо­ли­вуд. Ли­кот го тол­ку­ва­ше со до­то­гаш не­ви­ден шарм и, ед­но­став­но, од неј­зи­на­та лич­ност сја­еа ве­дри­на и не­ви­на ра­дост. Со нив, ве­дри­на­та и ра­до­ста, ка­ко да ја за­си­ту­ва­ше по­тре­ба­та од за­шти­та што се ба­ра во љу­бо­вта ко­ја исто­вре­ме­но е тол­ку до­стап­на, но, се­пак, не­до­фат­ли­ва. И неј­зи­ни­те оста­на­ти ли­ко­ви, ка­ко Са­бри­на, во исто­и­ме­ни­от филм на Б. Вајд­лер, На­та­ша од „Вој­на и мир“, на К. Ви­дор, но и оние од фил­мо­ви­те „Смеш­но ли­це“ на С. До­нен и „Љу­бов нап­лад­не“ на Б. Вајд­лер, се­ко­гаш три­ум­фи­раа во љу­бо­вта на са­ка­ни­от чо­век. Слич­ни по тем­пе­ра­мент, чув­стви­тел­ност и по­тре­ба за љу­бов се и неј­зи­ни­те ли­ко­ви во фил­мо­ви­те „По­ја­док кај Ти­фа­ни“, на Б. Вајд­лер, „Ша­ра­да“ на С. До­нед и „Са­ма во тем­ни­на­та“ на Т. Јанг, во кои таа ус­пе­ва да ја спа­си љу­бо­вта што ѝ зна­че­ше сѐ во жи­во­тот. Во си­те овие филм­ски хи­то­ви таа бе­ше сим­бол на љу­бо­вта ко­ја по­бе­ду­ва, па мо­же да се ка­же де­ка не са­мо што ја обе­ле­жи епо­ха­та во ко­ја жи­ве­е­ше и глу­ме­ше, ту­ку ста­на и трај­но оста­на мер­на еди­ни­ца за женс­тве­ност, гра­ци­оз­ност, со­вр­шен изг­лед, до­бри­на и ху­ма­ност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top