| четврток, 6 декември 2018 |

Мата: Мора да бидеме внимателни, Македонија е компактна репрезентација

huan-mata

Шпанија важи за светска фудбалска сила и, секако, е огромен фаворит на дуелот со Македонија в сабота, но шпанските репрезентативци никако не го потценуваат нашиот национален тим.

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Хуан Мата, беше стрелецот на единствениот погодок против нашата селекција на минатиот меѓусебен дуел, а на денешната прес-конфереција истакна дека „црвената фурија“ сигурно нема да се отпушти, а посебно внимание ќе биде насочено кон нашиот капитен Горан Пандев.

– Станува збор за компактен тим. Ние никако не смееме да ја повториме играта од натпреварот со Италија и ќе мора да внимаваме на нивните брзи контранапади. Тие во нападот го имаат Горан Пандев. Свесни сме дека можат да направат проблеми и мораме да бидеме внимателни – истакна Мата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top