| четврток, 6 декември 2018 |

Спортското семејство на „Ред бул“ се шири, на пик клуб од островот

lajpcig

Производителот на енергетските пијалаци „ред бул“ како цел има неколку фудбалски клубови од островот кои сака да ги стави под своја закрила. По РБ Лајпциг, кој за неколку години стигна од регионално натпреварување до самиот врв на Бундес-лигата, одговорните лица на гигантот „Ред Бул“ не ја отфрлија можноста за преземање на уште некој клуб од Eвропа.

Спортскиот директор на Лајпциг, Ралф Рангник, изминатиот викенд ги набљудувал натпреварите на Челси, Чарлтон и на Брентфорд што само додаде масло на оганот на гласините дека „Ред Бул“ е сериозен за додавање на уште еден клуб на својата листа.

Ниту еден од овие тимови, барем во моментов, не е на продажба, но спонзорски договор со гигант од калибарот на енергетскиот пијалак малку е веројатно дека некој би одбил.

Покрај Лајпциг, Ред Бул, поседува фудбалски клубови во Њујорк, Гана, Бразил и во Австрија, како и два тима во Формула 1, Ред бул и Торо росо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top