| четврток, 6 декември 2018 |

Сопругата на Манда: Минаа пет болни месеци без него, синот Андреја ми е најголема поддршка

anja

Ања Мандиќ, сопругата на починатиот славен актер Милорад Мандиќ – Манда, во една емисија открила како се носи со загубата и кој и пружа најголема поддршка во овие моменти. Таа вели и покрај се што се случи, ќе остане силна со насмевка на лицето.

– Работам и функционирам. Минаа скоро 5 болни месеци без него. Се е во ред, мора да се носиме со ситуацијата и да издржиме. Синот Андреја ми е најголема поддршка, изјавила Ања.

– Грижата и „злото“ ќе те најде кога тоа сака. Сите ние губиме толку многу време грижејќи се за разни работи и дали некој ќе ни замери, што забораваме на многу поважни нешта. Мислам дека повеќе треба да се трудиме да си угодиме самите на себе, кога тоа е возможно, рекла Ања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top