| четврток, 6 декември 2018 |

Червар го објави составот, Арнаудовски повторно на трибините

Makedonija ceska rakomet (21) (Large)

Селекторите на Чешка и на Македонија ги објавија официјалните списоци на ракометари кои ќе настапат на денешниот натпревар меѓу двете земји (14.25 часот) во рамките од квалификациите за ЕП 2018 во Хрватска.

Македонскиот селектор Лино Червар се реши да настапи со истите ракометари кои беа во комбинација и за дуелот со Украина. Ристо Арнаудовски допатува со репрезентацијата во Плзен, вчера и тренираше со нашиот национален тим, но Червар на крајот пресече носејќи конечна одлука интернационалецот од Австрија и овој натпревар да го следи од трибините.

Што се однесува до Чешка, тука нема никакви изненадувања, откако и дефинитивно синоќа беше обелоденето дека Филип Јиха нема да може да настапи во Плзен против Македонија. Затоа пак за разлика од последните дуели во баражот за СП, Чесите овојпат ќе бидат посилни за Хорак, играч кој им дава „широчина во ростерот“ на бековските линии, но и сигурно ќе придонесе за далеку поцврста одбрана на домашната селекција.

makedonija-sostav

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top