| четврток, 6 декември 2018 |

Татко уфрлил прислушувач меѓу играчките на детето во градинка

Таткото на девојче кое оди во градинка во словенечкиот град Шмарје при Јелшах во кесичката со играчки на девочето уфрлил уред за прислушување. Тој го признал делото откако воспитувачките случајно го пронашле уредот и го пријавиле во полиција.

-Веднаш пријавивво полиција и ги известив сите вработени, рекла за Словенечката телевизија директорката на градинката Јелка Китал, пренесува Хина.

Таа додава дека таткото признал и им се извинил нејзе и на воспитувачките, во чии методи на воспитување се сомневал, заштое днаш детето плачело кога си одело од градинка.

Словенечките медиуми додаваат дека доколку биде обвинет и осуден за неовластено прислушување и повреда на приватноста, грижливиот татко би можел да добие казна затвор до пет години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top