| четврток, 6 декември 2018 |

Вујо очекувано продолжува со Словенија, новиот договор е до 2020 година

veselin-vujovic

Црногорскиот стратег Веселин Вујовиќ ќе го продолжи договорот со репрезентацијата на Словенија и ќе го води националниот тим на Олимписките игри кои се играат во 2020 година во Токио.

Вујо пред извесен период си замина од Загреб и стави јасно до знаење дека сака да и се посвети на репрезентацијата. Неговиот актуелен договор истекуваше во 2018 година, но двете страни се согласиле на продолжување. Соработката на Словенија и Вујо ќе биде потврдена во наредните недели.

Пред извесно време се шпекулираше дека Вујовиќ ќе биде нов тренер на Хрватска, но тој одби такво нешто. Предводник на „коцкестите“ ќе остане Жељко Бабиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top