| четврток, 6 декември 2018 |

Македонското сценарио и во Словенија: Јанша го врати мандатот, не може да состави влада

Победникот на парламентарните избори во Словенија, Јанез Јанша го информираше претседателот дека нема доволно поддршка за формирање влада.

Тој вчера повика за формирање потенцијала коалиција на партии од десницата и центарот без три партии кои учествуваат во сегашната техничка влада на Миро Церар.

Јанша бараше предност во формирањето на идната коалиција да добијат двете најголеми партии во новиот состав на Парламентот, неговата Словенечка демократска партија (СДС) и Листата на Марјан Шарец.

Јанша е претседател на Словенечката демократска партија, поранешен премиер на Република Словенија и поранешен министер за одбрана на Република Словенија.

Поради наводен шверц со оружје додека бил министер за одбрана беше осуден и отслужи затворска казна.

Инаку, Јанша поранешен член на љубљанска „Младина“ беше еден од посследните осудени дисиденти кои заговараа отцепување на сЛовенија пред распадот на СФРЈ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top