| четврток, 6 декември 2018 |

Снег паѓа во Словенија (видео)

На планинскиот врв Кредарица во Словенија, денеска падна снег, соопштија медиумите од регионот. Објектите и природата кои се наоѓаат на 2.515 метри надморска височина се целосно бели. Највисока температура на Кредарица е измерена на 27 јули 1983 година и изнесувала 21,6 степени, а најниска на 7 јануари 1985 година кога било минус 28,3 степени.

Иако календарски стигна лето, температурите ширум Балканот се пониски од она што е вообичаено за овој период од годината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top