Екипите на Манчестер Јунајтед, Вест Хем и Саутемптон се последните патници во четвртфиналето на Лига купот во Англија. Вчера, пет екипи обезбедија пласман во следната фаза меѓу кои Арсенал, Ливерпул, Хул Сити, Њукасл Јунајтед и Лидс.

На „Олд Трафорд“ се одигра најинтересниот натпревар од осминафиналето помеѓу градските ривали Јунајтед и Сити. Според почетните состави на двата трнери, овој меч беше далеку од посакуваното дерби. Меѓутоа шансите не изостанаа, а Ихеаначо ја имаше првата и најсериозна во првото полувреме по само две минути игра, кога успеа да промаши цел гол од само две метри.
По досадното прво полувреме, фудбалерите излегоа да се надигруваат што резултираше со гол во 54. минута. Златан Ибрахимовиќ направи простор по левата страна и испрати една топка на 11 метри од шеснаесетникот, од каде Хуан Мата пласираше за 1-0.
Вест Хем го казни Антонио Конте за многуте измени во првиот состав и го елиминираше со 2-1. Стрелци на головите беа Кујате во 11. и Фернадес во 48. минута. Почесниот погодок за гостите го постигна Гери Кејхил во петтата минута од продолжението.
Саутемптон се пласираше во четвртфиналето со минималната победа над Сандерленд, а единствениот погодок за „светците“ го постигна Буфал во 66. минута.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во 12.500 пораки го опишале одвратното злоставување на бебе и 5 годишно девојче: Мајката и љубовникот осудени на 50 години затвор
-
Кога Англија игра фудбал, Британците ги тепаат жените
-
По пауза од 28 години Англичаните се во полуфинале на фудбалското СП
-
Англичаните се спасија во судиското продолжение


