Македонија е меѓу десетте најдобри економии во светот и петте најдобри економии во Европа за водење на бизнис, стои во најновиот извештај на Светска банка, реномираниот Дуинг бизнис 2017, кој рангира 190 земји од светот.
Според извештајот на Дуинг бизнис, во најдобрите десет економии се вбројуваат Нов Зеланд (1), Сингапур (2), Данска (3), Хонг Конг (4), Република Кореја (5), Норвеска (6), Велика Британија (7), САД (8), Сведска (9) и Македонија (10).
Во Европа пред Македонија се само четири економии – данската, норвешката, британската и шведската, што претставува огромен успех за државата.
Уште позначајно е тоа што во најновиот извештај на Дуинг бизнис Македонија е подоброрангирана од 25 земји-членки на ЕУ. Така, Македонија е подоброрангирана од Естонија (12), Финска (13), Латвија (14), Германија (17), Ирска (18), Австрија (19), Литванија (21), Полска (24), Португалија (25), Цеска (27), Холандија (28), Франција (29), Словенија (30), Шпанија (32), Словачка (33), Романија (36), Бугарија (39), Унгарија (41), Белгија (42), Хрватска (43), Кипар (45), Италија (50), Луксембург (59), Грција (61) и Малта (76).
Македонија е најдоброрангирана земја во цела Источна Европа. И оваа година е лидер во регионот според условите за водење на бизнис и е рангирана подобро од Словенија (30), Романија (36), Бугарија (39), Хрватска (43), Србија (47), Црна Гора (51), Албанија (58), Косово (60), Грција (61), Турција (69) и Босна и Херцеговина (81).
За потсетување, пред десет години Дуинг бизнис ја рангираше Македонија на 94 место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.