На Македонката Ирена Петковиќ судот во Брисел во отсуство ѝ пресудил дека го киднапирала сопственото дете и поради тоа ѝ одредил провизорна четиригодишна казна затвор и половина милион евра отштета која треба да ја плати на таткото, пораанешен функционер на ЕУ, објави порталот „А1он“.
Таа не ја видела пресудата од судскиот процес, кој бил воден без и да биде поканета.
– Фрапирачки е што судењето било водено во континуитет, а јас не бев информирана иако Белгија веќе не го ни бара детето да го вратам кај татко му. Судењето се водело и покрај знаењето на судот дека хашката апликација за автоматско враќање на детето кај таткото е одбиено од страна на Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија – вели мајката Ирена Петковиќ.
Целиот текст овде.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



