Договорените бракови меѓу албанското население датираат уште од дамнешни времиња, а тој обичај почна пополека да се губи кон почетокот на 90-тите години од минатиот век. Но, во последните години во јавноста се пишува за младите Албанки кои се мажат за средовечни мажи од овие простори.
Не е тајна дека младите девојки од Албанија се продаваат за мажачка по целиот регион. Договорените бракови кај Албанците се фолклор и се дел од традицијата, која почнала да ја губи силата во деведесеттите години на минатиот век, но наместо да се искорени, деценија две подоцна се актуализара во инаква форма – средовечни ергени од Македонија, Србија, Црна Гора, кои не можат да се оженат со девојки од својот крај, купуваат млади Албанки, православни, и со нив создаваат семејство.
Сепка, оваа приказна е малку поинква. Нејзиниот јунак не е стар ерген, туку стар дедо, кој на 61 година решил да се жени, зашто првата сопруга му умрела во 2000 година. Неговата приказната е навистина неверојата.
Дедо Реџет Кастрати е од од село близу Призрен. Кога наполнил 61 година, решил повторно да се ожени. Купил млада Албанка да му биде жена. Како што изјавил за локалните медиуми, за 35-годишна сопруга платил дури 3000 евра.
Сепак, иако очекувал, како што вели жена од 35 години, му донеле девојче од 19 години. Таа била неколку пати помлада од неговите 12 ќерки од бракот со првата жена. Сите негови ќерки се омажени и има дури 50 внуци. Со новата сопруга Валентина пред 4 години го добил првиот син, кого го крстиле Дијамант.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.