| четврток, 6 декември 2018 |

Енди Ворхол – таткото на поп-артот

Ни­ту еден умет­ник во аме­ри­кан­ска­та исто­ри­ја не бил поз­нат, це­нет, са­кан и вли­ја­те­лен ка­ко Ен­ди Вор­хол. Тој е ти­пи­чен „лав­маркс“ на аме­ри­кан­ски на­чин. Умет­ник е са­мо ед­но од не­го­ви­те зва­ња би­деј­ќи тој, исто та­ка, бе­ше из­да­вач на ма­га­зи­ни, му­зич­ки про­мо­тор, ре­жи­сер, сли­кар, ко­лек­ци­о­нер, кул­ту­рен кри­ти­чар, ди­зај­нер и што ли уште не… Без раз­ли­ка на из­бо­рот на ме­ди­у­ми­те, де­ла­та на Ен­ди Вор­хол, глав­но, беа шо­кант­ни (и сè уште се), на­вре­ду­вач­ки, про­во­ка­тив­ни, ге­ни­јал­ни и мно­гу вли­ја­тел­ни врз јав­но­то мис­ле­ње. Вли­ја­ни­е­то бе­ше на на­чин на кој не ус­пе­а­ла до­то­гаш ни­ту ед­на кул­тур­на фи­гу­ра во со­вре­ме­на Аме­ри­ка. И по­крај ши­ри­на­та и обе­мот на не­го­ва­та умет­ност, глав­на­та пре­о­ку­па­ци­ја на Вор­хол бе­ше тој са­ми­от. Ус­пеа од се­бе да на­пра­ви не­про­цен­ли­ва мар­ка, еден вид кул­ту­рен бренд со нај­моќ­ни обе­леж­ја. При­фа­ќај­ќи го па­ра­до­ксот, тој са­мо­свес­но соз­да­де сли­ка ко­ја исто­вре­ме­но бе­ше не­из­мер­но со­фи­сти­ци­ра­на и не­ве­ро­јат­но на­ив­на, во еден дел де­би­тант­ска, а во друг дел кри­ти­чар на оп­штес­тво­то. Тој со па­сив­ност го кон­тро­ли­ра­ше, а со сра­меж­ли­вост го пре­диз­ви­ку­ва­ше вни­ма­ни­е­то.

Инс­пи­ра­ци­ја за сво­и­те сли­ки, фил­мо­ви, пуб­ли­ка­ции и ди­зај­ни Вор­хол цр­пе­ше од по­пу­лар­на­та кул­ту­ра, глав­но од прет­ста­ви­те кои тол­ку беа при­сут­ни во се­којд­не­ви­е­то на лу­ѓе­то, што тие ри­зи­ку­ваа да не ги сфа­тат нив­на­та спе­ци­фич­на уба­ви­на и си­ла. До­де­ка мно­гу наб­љу­ду­ва­чи ин­си­сти­раа на оцен­ка­та де­ка на­по­ри­те на Вор­хол, иа­ко по­год­ни, се три­ви­јал­ни и про­во­ка­тив­ни, се­пак кри­ти­ча­ри­те го пре­поз­наа и го по­чи­ту­ваа не­го­ви­от единс­твен та­лент и ја при­фа­ти­ја не­го­ва­та јас­на по­ра­ка. Вор­хол му да­де на ди­зај­нот ста­тус на ико­на. Тој го на­те­ра гле­да­чот да не ги це­ни са­мо естет­ски при­мам­ли­ви­те ком­по­зи­ции на бо­ја, фор­ма и ли­ни­ја, ту­ку и сте­пе­нот до кој ди­зај­нот ста­на дел од ко­ле­ктив­на­та свест. Вор­хол има­ше ви­стин­ски ква­ли­тет на ге­ниј: спо­соб­ност да ги спои спро­тив­но­сти­те. Во не­го­ви­те тру­до­ви очиг­лед­но­то пре­о­ѓа во ми­сте­ри­оз­но, а би­зар­но­то во нор­мал­но. Си­те овие кон­тра­ди­ктор­но­сти втка­е­ни во не­го­ва­та умет­ност ни­ка­де не беа тол­ку мно­гу изра­зе­ни кол­ку во не­го­ва­та јав­на лич­ност. Со сво­ја­та пла­ти­не­ста пер­и­ка, без­и­зраз­но ли­це, ан­дро­ге­ни ма­ни­ри и смрт­нич­ко бле­ди­ло, тој исто­вре­ме­но изг­ле­да­ше и сен­зи­тив­но и гру­бо, ан­гел­ски и ѓа­вол­ски, збу­не­то и бри­ли­јант­но. Ток­му за­тоа не­го­ви­те со­ра­бот­ни­ци, кои ужи­ваа во ениг­ма­та на не­го­ва­та лич­ност, му го да­доа пре­ка­рот Дре­ла, што е ком­би­на­ци­ја од збо­ро­ви­те Dracula (Дра­ку­ла) и Cinderella (Пе­пе­ла­шка). Исто та­ка, мно­гу че­сто го ви­каа и „Сфин­га без тај­ни”.

brend-koncept215-worhol-2

Вор­хол е поз­нат по тоа што ја под­др­жу­вал и по­ма­гал ка­ри­е­ра­та на „Вел­вет ан­дер­гра­унд“ (Velvet Underground), ус­пеш­на рок-гру­па ко­ја го лан­си­ра­ла панк–сти­лот, кој по­доц­на го раз­ви­ле Мик Џе­гер, Деј­вид Бо­у­ви и Деј­вид Бирн. Ина­ку, тој е автор на ло­го­то на „Ро­линг сто­унс“ – исп­ла­зен ја­зик од уста, ја­зи­кот на Мик Џе­гер.


До­кол­ку на тоа ги до­да­де­ме поз­на­ти­те авто­пор­тре­ти на Вор­хол од 1986 го­ди­на, пор­тре­ти­те на Мик Џе­гер од 1973 (се на­о­ѓа­ат во Му­зе­јот за мо­дер­на умет­ност во Те­хе­ран), пор­тре­тот на Хер­ман Хес од 1984 го­ди­на, ори­ги­нал­на­та нас­лов­на стра­ни­ца на ал­бу­мот на „Ро­линг сто­унс“ од 1971 го­ди­на со па­тент и фар­мер­ки, нас­лов­ни­те стра­ни­ци на ал­бу­ми­те на Квин и на Ди­ја­на Рос од 1982 го­ди­на и ге­ни­јал­на­та ба­на­на од нас­лов­на­та стра­ни­ца на ал­бу­мот на „Вел­вет ан­дер­гра­унд“ од 1967 го­ди­на, ќе сфа­ти­ме де­ка тој е во­деч­ки мо­ден илу­стра­тор, по­точ­но нај­а­фир­ми­ран ди­зај­нер на ко­мер­ци­јал­на­та илу­стра­ци­ја во све­тот на тоа вре­ме. По­сто­ја­на те­ма на умет­но­ста на Вор­хол бе­ше рас­че­ко­рот ме­ѓу јав­ни­от и при­ват­ни­от жи­вот. Всуш­ност, тој по­сто­ја­но ги сли­ка­ше поз­на­ти­те лич­но­сти (на­ве­де­ни­те) кои беа сим­бол на тој рас­цеп, чи­и­што при­ват­ни жи­во­ти беа во рас­че­кор со нив­на­та сла­ва и со сли­ка­та прис­по­со­бе­на за јав­но­ста. Вор­хол се­бе­си се пре­тво­ри во ши­фра, впи­вач кој отво­ре­но и не­пре­ки­на­то ги сле­де­ше при­ли­вот и од­ли­вот на аме­ри­кан­ски­от жи­вот. Се­пак, мо­же­би нај­им­пре­сив­ни се не­го­ви­те авто­пор­тре­ти. Авто­пор­тре­ти­те, кои тра­ди­ци­о­нал­но во исто­ри­ја­та на за­пад­на­та умет­ност го прет­ста­ву­ва­ат суб­је­ктот кој се откри­ва са­ми­от се­бе, во ра­це­те на Вор­хол се свр­те­ни про­тив са­ми­от не­го. Во не­го­ви­те авто­пор­тре­ти тој исто­вре­ме­но го откри­ва и го со­кри­ва иден­ти­те­тот, при што се ко­ри­сти со ка­муф­ли­ра­ње со цел да соз­да­де сли­ка на сопс­тве­но­то са­мо­за­тво­ра­ње (self-closeting). Всуш­ност, тој е со­од­ве­тен то­тем за чо­век кој соз­да­де мар­ка од­би­вај­ќи да го­во­ри јав­но. Тој се сме­е­ше ко­га ста­на најм­но­гу ци­ти­ран умет­ник во све­тот. Во не­ко­ја смис­ла тоа е и па­ра­до­ксал­но би­деј­ќи во го­лем број при­го­ди не­го­ви­от оми­лен реч­ник се со­сто­ел од „вау”, „ух”, „ееј”, „су­пер”, „ауч” по­ра­ди што при­вид­но тој изг­ле­да­ше ка­ко па­си­вен наб­љу­ду­вач. Се­пак, не­го­ви­те епи­гра­ми по­мог­наа да се де­фи­ни­ра но­ва­та ера во аме­ри­кан­ска­та кул­ту­ра. Тој се­ко­гаш бе­ше кре­а­ти­вен ка­та­ли­за­тор за лу­ѓе­то око­лу се­бе, а пред сè не­у­мо­рен ра­бот­ник и ге­ни­ја­лен умет­ник со не­из­мер­на енер­ги­ја. Ви­стин­ски вор­ко­хо­лик.

Kако дип­ло­ми­ран ди­зај­нер за илу­стра­ции ди­зај­ни­ра­ше за спи­са­ни­ја­та Вог, Гла­мур, Берг­дорг голд­ман, ка­ко и че­сти­тки за „Ти­фа­ни“, из­ло­зи за „Бон­вит те­лер“ и па­ку­ва­ња за „Бон­вит те­лер“. Тој во га­ле­ри­ја­та „Стејбл“ во Њу­јорк по­ста­ви из­лож­ба на сли­ки од до­ла­ри, ши­шен­ца од „ко­ка-ко­ла“ и кон­зер­ви од су­па. Со тоа ги по­ста­ви ос­но­ви­те на поп-арт, ви­ден ка­ко умет­нич­ки пра­вец на ид­ни­на­та. По тој на­стан Вор­хол го на­ре­коа и па­па на поп- и арт-кул­ту­ра­та. Ина­ку, не­го­ви­те пор­тре­ти на поз­на­ти­те лич­но­сти, ка­ко што се Ел­вис Прис­ли, Мер­лин Мо­нро, Џејмс Дин, Жак­ли­на Ке­не­ди, Џи­ми Кар­тер, Лај­за Ми­не­ли и ди­зај­не­рот Хал­строн, го ожи­ве­а­ја пор­тре­ти­ра­ње­то ка­ко умет­нич­ка фор­ма, до­де­ка, пак, не­го­ви­от ди­зајн (сли­ки на цве­ќе со јак ко­ло­рит, тро­ди­мен­зи­о­нал­ни ку­тии „бри­ло“, по­ста­вки на ши­шен­ца „ко­ка-ко­ла“, до­лар­ски банк­но­ти и кон­зер­ви од су­па) вос­по­ста­ви но­ва вр­ска по­ме­ѓу ви­со­ка­та умет­ност и све­тот на мо­да­та и на рек­ла­ма­та. Од тој пер­и­од и за­поч­ну­ва со­вре­ме­но­то брен­ди­ра­ње, од­нос­но соз­да­ва­ње­то на брен­до­ви­те.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top