| четврток, 6 декември 2018 |

Шампањ, торта и капи – Брена подетини за 56. роденден

brena

Популарната пејачка Лепа Брена наврши 56 години, а по полноќ, во семејниот дом на Бежаниска коса, синовите Виктор и Стефан, подготвија изненадување за неа.

-Среќен роденден мамо! Те сакаме најмногу на свет – напиша Виктор на „Инстаграм“ во описот на фотографијата што ја сподели со обожавателите.

Стефан и Виктор максимално се потрудија, па така направија торта, донесоа шампањ и другио роденденски реквизити.

Брена е многу горда на своите деца. Пејачката неодамна изјави дека и многу драго што успеала да ги изведе децата на вистинскиот пат и што не се склони кон пороци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top