Сирискиот претседател рекол дека фотографијата од 5-годишното дете прекриено со прав и крв во внатрешноста во амбулантно возило снимена на боиштето во Сирија – е „фалсификувана“.
Асад тоа го кажал во интервју за швајцарската ТВ мрежа СРФ, пишува AФП.
Тој додал дека планираната пауза во борбите во Алепо на северот на Сирија претставува важен чекор, „но дека не е доволна“.
Асад, исто така, навел дека цивилите сакаат да го напуштат тој град, но „терористите“ не им дозволуваат. Тој, меѓу другото, ги отфрлил тврдењата дека е воен злосторник и не ги прифатил критиките на американскиот државен секретар Џон Кери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.