| четврток, 6 декември 2018 |

Шпанка роди здраво девојче на 62-годишна возраст

Шеесет и двегодишна Шпанка, Лина Алварез, роди здраво девојче, објавија шпанските медиуми.

Девојчето, кое е родено со царски рез во градот Луго во северозападната шпанска покраина Галиција, веќе доби името по нејзината мајка – Лина.

Малата Линда е зачната преку ин витро во Мадрид, а нејзината мајка, која и самата е лекар, изјави дека е многу среќна поради „чудото кое се случило“.

Инаку, малата Лина има двајца постари браќа на возраст од десет и 27 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top