| четврток, 6 декември 2018 |

Славниот пејач ги претепал сопругата и малото бебе?

Поради анонимна дојава, полицијата на Лос Анџелес морала да интервенира во домот на славниот пејач и да провери дали има вистина во изјавите кои ги добиле против Адам Левин од групата „Maroon 5“.

Според наводите на анонимниот дојавувач, Адам ја удрил едномесечната ќерка Дасти Роуз по лице, а сопругата Бехати Принсло ја турнал на под.

Сепак, полицијата по истрагата заклучила дека обвинувањата се неосновани. Извори блиски на пејачот велат дека тој е благодарен што полицијата ја отфрлила тужбата и дека некој намерно му го прави тоа затоа што е славен.

Адам (37) и Бехати (27) се венчаа во 2014 година, а минатиот месец го добија првото дете.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top