| четврток, 6 декември 2018 |

Дауновиот синдром не е пречка за упорниот Mарио, тој носи златни медали за Македонија

„Браво мајсторе“ е препознатливиот коментар за Марио по победите во пливање. Марио има 14 година, тој е со Даунов синдром, ученик во прва година во средното фискултурно училиште. Сторијата за него ја пренесува телевизијата „Канал 5“ . Мирен и стабилен со позитивна енергија сака да раскажува за успесите. Борец во базенот. Раскажува за последната победа, за златниот медал освоено во Сараево во октомври, месецот посветен на лицата со Даунов синдром.

Споротот за Марио е најважен во неговиот живот, тој е целосно самостоен, оди сам на тренинг и на училиште. Јамболка, мајката на Марио, е посебно горда на момчето од Специјалната олимпијада, познат како Мајстор Марио. Марио во колекцијата на успеси ги има златото и среброто од Специјалната олимпијада во Лос Анџелес. Одам напред, секоја победа е моја среќа.

Најголема енергија и поддршка за секој натпревар му дава тренерот Радован, кој трпеливо волонтерски работи со него, објави телевизијата. Најсреќен е кога е со македонското знаме, сите од публиката заедно со него ја слушаат македонската химна, за големи успеси се потребни средства. Марио се надева дека државните институции ќе му доделат и стипендија за да може да го продолжи сонот и да ја претставува Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top