| четврток, 6 декември 2018 |

Татко се шегувал: Објавил оглас дека го продава бебето

Дваесет и осумгодишен маж признал дека своето женско бебе го огласил за продажба на „И-беј“, но тврди дека сето тоа било само шега, информира германската полиција, цитирана од американските медиуми.

Бебето, на возраст од само 40 дена, минатата недела било ставено на страницата за наддавање на Интернет, со почетна цена од 5.000 евра.

Полицијата во германскиот град Дуисбург изврши претрес во станот на родителите и детето им го предаде на социјалните служби, а воедно почна и истрага под сомнение за шверц со луѓе.

Полицијата денеска соопшти дека таткото на бебето во петокот се пријавил кај властите и признал за објавувањето на огласот. Тој на истражните органи им го дал мобилниот телефон, од кој го дал огласот.

Полицијата посочи дека станува збор за бегалско семејство, без да открие дополнителни детали за настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top