Меш Кејд (37), познат како „Розевата тркачка машина“ има бројни фанови кој ги придобил трчајќи по улиците на канадскиот град Халифакс. Неговата приказна за трчањето е приказна за борбата, а помалку потсетува на онаа на Форест Гамп.
Меш тешко може да не се забележи додека трча по улиците, главно заради розевата боја која доминира на него. Секогаш е насмен, а вели дека не ја одбрал розевата боја без причина, туку за да ја подигне свеста кај луѓето за менталното здравје со кое тој има проблем.
– Повеќе од 15 години се борам со менталното пореметување. Бев на разни лекови, а еден период имав и 95 кила. Немав волја за живот и бев буквално на дното, изјавил Кејд.
Кога почнал да трча немал ниту сила ниту кондиција и неможел да истрча ниту еден километар.
– Од тој прв пат, кој беше навистина тежок, само продолжив напред, како Форест Гамп. Сега во една недела трчам повеќе од 200 километи и се чувствувам одлично.
Трчањето вели дека е единствената работа преку која ја одржува врската со светот.
-Друштвен живот немам, а поради моите проблеми не можам да работам. Се надевам дека наскоро ќе се вратам во нормала, раскажува тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.