Во Грција во последните неколку години е регистрирано драматично зголемување на менталните здравствени проблеми кај деца и тинејџери, соопштија експерти на настан во Атина по повод Светскиот ден на менталното здравје.
Бројот на лица примени во детски психијатриски одделенија во болниците по налог на обвинителството двојно се зголемил, што го истакнало недостигот на персонал и опрема во регионалните болници и пациентите се принудени да доаѓаат во болниците во Атина.
Директорот на Клиниката за психијатрија при детската болница „Света Софија“, Димитрис Анагностопулос, соопшти дека е зголемен бројот на деца и тинејџери што страдаат од депресија, интернет зависност и други ментални здравствени нарушувања.
Тој истакна дека повеќето Грци на индивидуално и колективно ниво се соочуваат со услови што предизвикуваат длабока болка и очај, како резултат на економската криза.
Показател за проблемот е фактот што 30 проценти од повиците на телефонските линии за помош за депресија се од страна на тинејџери кои се загрижени за нивните родители и се обидуваат да најдат начини да им помогнат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција