| четврток, 6 декември 2018 |

Во Битола ќе биде отворен нов центар за ментално здравје

ментал

Советот на Општина Битола донесе одлука и даде согласност за отстапување на објектот, месна заедница „Коле Лачето“ за отворање центар за ментално здравје кој ќе работи во состав на психијатриската болница од Демир Хисар.

Со одлуката што ја донесоа членовите на битолскиот општински совет се овозможува бесплатно користење простор од 100 квадратни метри, лоциран на ул. „Партизанска“ во Битола, кој психијатриската болница од Демир Хисар ќе го опреми и одржува со средства од Mинистерството за здравство.

– Во Центарот за ментално здравје ќе функционира дневна болница за психијатриски пациенти, специјалистичка психијатриска амбуланта како и тим за патронажни посети на психијатриски пациенти. Во центарот ќе бидат ангажирани високостручни психијатри, психолози, социјални работници и друг персонал, кои ќе им помагаат на лица од овој град кои во иднина нема да патуваат за лекарска помош во Демир Хисар – информираат од Советот на општина Битола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top